Црвенковски во посета на Турција
14 ноември 2006Македонскиот претседател Бранко Црвенковски, кој синоќа допатува во официјална посета на Турција, претпладнево ќе се сретне со претседателот на Република Турција Ахмет Неџдет Сезер.
Од средбата на двајцата претседатели на која ќе стане збор за економската и културна соработка меѓу двете земји разговорите ќе продолжат на ниво на делегации. За попладне е предвидено претседателот Црвенковски да го посети универзитетот на Унијата на турските комори и берзи, каде ќе се сретне со турските бизнисмени. Во 16 часот по турско време, претседателот на Македонија ќе има средба и со претседателот на турскиот парламент Булент Аренч.
Вечер македонскиот претседател ќе го прими турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан, а подоцна во чест на високиот гостин од Македонија, вечера ќе приреди претседателот на Турција Ахмет Неџдет Сезер.
Во текот на утрешниот ден македонската делегација се сели во Истанбул каде во дворецот Чира ан Сарај Црвенковски ќе има средба со претставници на здруженијата на македонските иселеници и бизнисмени во Турција а попладнето ќе биде гостин на истанбулскиот Валија Муамер Ѓулер.
Огфицијалната посета на македонкиот претседател Бранко Црвенковски, доаѓа три години по посетата на покојниот претседател Борис Трајковски и една и пол година по посетата на поранешниот премиер Владо Бучковски на Анкара и Истанбул и претставува континуитет во традиционално добрите односи меѓу двете земји.