1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Цел Балкан на конференцијата во Сараево

11 мај 2010

На 2 јуни во Сараево ќе се одржи конференција посветена на Западниот Балкан. Шпанскиот министер за надворешни работи, Моратинос , најави дека на неа покрај ЕУ ќе учествуваат и претставници на САД, Русија и Турција.

https://p.dw.com/p/NL1e
Мигел Анхел МоратиносФотографија: dpa

Претседавачот со Советот на министри на ЕУ, шефот на шпанската дипломатија, Мигел Анхел Моратинос нагласи дека најавената конференција посветена на земјите од Западен Балкан, која би требало да се одржи на 2 јуни во Сараево, е добро подготвена, како и оти е постигнат договор дека состанокот ќе се одржи по формулата „Гимних“.

„Тоа е формула за која е постигант договор со сите страни. Тоа ќе биде голема конференција, која ќе овозможи да се сведе биланс на се’ што е сторено по Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој беше одржан пред десет години, во Загреб. Истовремено ќе биде разгледана и иднината на односите меѓу земјите од регионот и ЕУ“, рече Моратинос.

На „Балканската конференција“ ќе учествуваат и ЕУ, САД, Русија и Турција

Шефот на шпанската дипломатија истакна дека од особена важност е тоа што на конференцијата ќе учествуваат сите релевантни актери на меѓународната сцена:

Symbolbild EU Ratspräsidentschaft Spanien
Шпанското претседателство со ЕУ, сепак, се осврна на прашањата од Западниот Балкан

„Ние сакаме на конференцијата да учествуваат не само 27 земји од ЕУ, туку и САД, Русија и Турција, со цел заеднички да придонесеме кон стабилноста и да ја гарантираме иднината на целиот регион на Западен Балкан. Верувам дека најголем придонес на шпанското претседателство со ЕУ за Западниот Балкан е токму таа конференција во Сараево“, рече Моратинос.

Шпанскиот министер изјави дека очекува да се работи на создавање услови за натамошен напредок и меѓусебно почитување на земјите од Западниот Балкан, кои се определени за регионална интеграција и продолжување на патот кон ЕУ.

Позитивен биланс на шпанското претседателство за Западен Балкан

Мигел Анхел Моратинос смета дека на почетокот на годината, кога Шпанија застана на чело на ЕУ имало некои кои се сомневале во решителноста на шпанското претседателство да се посвети на прашањата на Западниот Балкан. Нешто помалку од два месеци пред крајот на тоа претседателствување, Моратинос заклучува:

„На крајот луѓето ќе можат да судат дека позитивниот биланс на шпанското претседателство со ЕУ претставува и напредок и предаденост, кои се оставарени во постигнувањето стабилност и европска перспектива за целиот Западен Балкан“.

Автор: Марина Максимовиќ / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска