1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Цела Германија тагува по нападот во Вирцбург

ЖА / агенции
26 јуни 2021

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер е длабоко потресен по нападот со нож во Вирцбург во кој загинаа три лица, а неколку се ранети. Напаѓачот од 2015 година живеел во Германија

https://p.dw.com/p/3vb46
Messerattacke in Würzburger Innenstadt
Фотографија: Karl-Josef Hildenbrand/dpa/picture alliance

Вџашувачкиот напад во кој во Вирцбург настрадаа три лица, а неколку се ранети, ја потресе цела Германија, изјави претседателот. Насилникот постапи исклучително брутално и ќе биде повикан на одговорност за делото, порача претседателот, упатувајќи сочувство до блиските на жртвите и желби за брзо закрепнување до повредените. Штајнмајер и се заблагодари на полицијата за решителната акција за онеспособување на атентаторот, како и на брзата интервенција на спасувачките екипи.

Deutschland Messerattacke in Würzburger Innenstadt
Жртви на напаѓачот биле граѓани кои случајно се затекнале на местотоФотографија: Bauernfeind/News5/AFP

Вчера во попладневните часови 24-годишен Сомалиец напаѓал случајни минувачи со нож, а бил совладан откако бил ранет во ногата со огнено оружје од страна на полицијата. Очевидци тврдат дека тој извикувал „Алаху акбар“ (Господ е голем), поради што се врши проверка дали делото има исламистичка заднина, но нема никакви укажувања дека тој вчера бил во содејство со други лица. Пет од повредеите граѓани се наоѓаат во болница, две лица се во опасна по живот состојба.

Уапсениот е сомалиски државјанин, кој живеел во дом за бездомни лица во Вирцбург. Според баварскиот министер за внатрешни работи Јоахим Херман, во последно време осомничениот бил склон кон насилни дела и се наоѓал во психијатриски третман.

Одделни минувачи храбро му се спротиставиле на напаѓачот, истакна министерот, оддавајќи им почит за куражот. „Веројатно тоа спречило натамошни жртви“, потенцираше Херман. Кратко потоа атентаторот бил застрелан од пристигнатите полицајци и приведен.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема