Цебит ги отвори портите
1 март 2011Постои неверојатно динамичен развој, изјави Меркел во конгресниот центар и дополни:
„Цебит е најголемиот пазар во светот за решенија од областите размена на информации, телекомуникации и медиуми. Ме радува што годинава повторно имаме зголемен број на изложувачи, 4.200 од 70 земји, и заеднички го отвораме саемот,“ рече Меркел.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган нагласи дека во неговата земја и натаму постои голем интерес за нови инвеститори и дополни дека уделот на ИТ браншата во вкупниот стопански учинок е зголемен. Во говорот на отворањето тој уште едаш се заложи и за олеснување на визниот режим „ Турција е во царинска унија со Европската унија и со неа преговара за членство. Сега е време да се развијат нови перспективи“, изјави Ердоган.
Четири тематски тежишта
Цебит годинава се претставува со четири тематски тежишта: Цебит лаб, каде истражувачките институти и универзитетите разменуваат искуства и знаења; Цебит про, каде претставниците на претпријатијата можат да се информираат за новините; Цебит гов (кратенка за говернмент, односно влада), каде заинтересираните треба да се информираат за техничките иновации во јавната администрација и на крај Цебит лајв, кој во фокусот повторно го става консумент, за разлика од минатите години, кога ориентацијата беше на стручната публика.
„Цебит лајв го развивме во договор со големите излагачи, зашто улогата на корисниците последниве години претрпе значајни промени преку интернетот. Корисниците веќе не се на крајот на синџирот, туку тие се дел од него. Оддеднаш и консументот сега е задолжен за содржината на интернет, зашто и самиот програмира, на пример апликации, кои потоа ги става на располагање во т.н. продавници за апликации“, вели Зас.
Вратите на најголемиот комјутерски и телекомуникациски саем во светот ЦеБит за посетителите се отворени до 5 март.
Автор: АТ/ТТ/дв/дпа
Редактор: Трајче Тосев