ЦЕБИТ – Азија
11 мај 2005Најпознатите имиња од Кина, како Леново или Хуавеи не се присутни. За нив ЦЕБИТ во Хановер е вистинска адреса. Но она што е најинтересно го соопштува шефот на ЦЕБИТ-активности во целиот свет Јерг Шомбург, имено дека Индија и Кина во наредните пет години ќе формираат алијанса во оваа бранша:
„Индија не може да произведува. Секогаш на шега велам: она што тие го создваат е само играчка. Напротив, Кина извонредно може да произведува. Индија пак, е најдобриот софтвер производител во светот. Ако се обединат, а до тоа сигурно ќе дојде, тоа уште еднаш драматично ќе ги промени пазарите во светот„.
Во меѓувреме Кина е држава број 1за прозиводство во електронската и во индустријата за информативна технологија со годишен пораст од 24 насто. Посметрачите сметаат дека Кина до 2015 година ќе ги надмине Соединетите Американски Држави како најголем пазар за ваквата технологија.