Христијаните во светот го прославуваат Велигден
7 април 2007Реклама
Христијаните во целиот свет го одбележаа Велипеток, и потсетија на страдањето на Исус Христот на крстот. Во Рим Папата Бенедикт 16 ја водеше процесијата во Колосумот. Во своето кусо обраќање ги повика сите верници, да бидат почувствителни за страдањата на другиот. Велигденските празници оваа година во исто време ги слави римо – католичката и православната црква Христијаните од пет различни конфесии вечерва ќе го прослават воскреснувањето на Исус Христос.