1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Холштајн: Нема план „Б“ за С.Македонија

ДТЗ /ДВ
13 јануари 2021

Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија, изјави германската амбасадорка во земјата, Анке Холштајн

https://p.dw.com/p/3nrzJ
Deutsche Botschafterin in Nord-Mazedonien Anke Holstein
Фотографија: Dt. Botschaft Nordmazedonien

„Отворањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ треба да се случи и се надевам дека ќе успееме да го постигнеме тоа оваа година. Нема друга алтернатива. Исполнети се сите услови од страна на Северна Македонија“, порача денеска германската амбасадорката во С.Македонија, Анке Холштајн. Таа укажува дека во текот на следните недели, многу е важно да има соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија во оние области и сегменти каде што нема разлики во мислењата, со што ќе се докаже дека постои добра соработка. 

-повеќе на темата: Пардју за ДВ: Заврши времето на малтретирање на С. Македонија

„Како и претходно и понатаму немаме план ‘Б’. Она што преостанува е отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ, преостанува продолжување на разговорите за пристапување“, изјави Холштајн откако на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.

-повеќе на темата: Амбициозни цели на португалското претседателство со ЕУ

Холштајн е уверена дека може да се постигнуваат цели ако доволно напорно се работи на нивно исполнување, а таа, како дипломат, за себе вели дека е ноторна оптимистка. Во рамки на претседателството на Португалија и Словенија, германската амбасадорка најави дека ќе продолжат со напорна работа со цел постигнување отворање на пристапните преговори со земјава. Холштајн уште додаде дека до последната минута на германското претседавање со Советот на ЕУ се обидувале да постигнат едногласност меѓу сите 27 земји членки на Унијата, но „успеале да постигнат согласност со 26“.

Донација за граничната полиција

Германското сојузно министерство за внатрешни работи донираше возила и опрема во вредност од 660.000 евра за македонската гранична полиција. Донацијата денеска ја предаде германската амбасадорка Анке Холштајн, на која ѝ се заблагодари министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Неспорен е фактот дека од осамостојувањето на нашата земја до денес, Сојузна Република Германија беше и останува наш доследен поддржувач и партнер, давајќи огромен придонес во нашите напори да изградиме стабилно, демократско и просперитетно општество, подготвено да стане рамноправен член на евроатланските асоцијации“, изјави Спасовски.

-повеќе на темата: „На Балканот му е потребна јасна порака - вие и' припаѓате на ЕУ“

Донацијата опфаќа 22 возила, од кои 10 „дачија дастер“ и 12 „форд фокус“, со вкупна вредност од 370.000 евра кои ќе бидат предадени за користење на Бирото за јавна безбедност за потребите на Граничната полиција, како и техничка опрема во вредност од 290.000 евра, која се состои од: опрема за присилно запирање на возила, oпрема за напредна проверка на документи, термални камери со долг домет, батериски лампи, светлечки стоп палки, чизми и флуоросцентни елечиња.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема