Хирошима одбележува 67 години од атомската бомба
6 август 2012Во јапонскиот град Хирошима денеска се одбележуваат 67 години од паѓањето на првата атомска бомба.
Околу 50.000 луѓе се собраа во Паркот на мирот во Хирошима во близина на местото каде што беше фрлена атомската бомба во 1945 година, кога загинаа околу 140.000 луѓе и поголем дел од градот беше уништен.
Премиерот Јошихико Нода изјави дека Јапонија е должна да споменува за она што преживеа, за меѓу идните поколенија да не бидат заборавени поуките од Хирошима. Градоначалникот Казуми Матцуи се заложи за уништување на целото атомско оружје ширум светот. Тој ги повика лидерите на сите атомски сили да ја посетат Хирошима.
Мацуи нагласи дека државата треба да ги предводи напорите за разоружување и додаде дека инцидентот во Фукушима од лани покажал опасности што ги носат нуклеарните технологии, дури и кога се за мировни цели.
На 6-ти август 1945 година САД фрлија атомска бомба врз западно-јапонскиот град Хирошима. На 9-ти август цел на атомски напад беше и градот Нагасаки. Бројот на жртвите изнесува преку 280.000.