Хаџиќ сместен во затворот во Хаг
22 јули 2011Реклама
Последниот хашки бегалец, Горан Хаџиќ попладнево пристигна во Холандија каде им беше предаден на надлежните од Хашкиот Трибунал. Утрово, откако се откажа од жалба на одлуката за екстрадиција, на Хаџиќ му беше овозможено да го посети своето семејство во Нови Сад. Трибуналот во Хаг го обвини Хаџиќ за воени злосторства извршени за време на војната во Хрватска додека тој беше на чело на побунетите Срби.
Автор: БГ/ бета
Редактор: Александра Трајковска