Хауард го призна поразот на изборите
24 ноември 2007Реклама
Австралискиот премиер Џон Хауард го призна поразот на парламентарните избори. Досегашниот шеф на владата му ја честиташе изборната победа на Кевин Руд од опозиционата Лабуристичката партија. Изборната комисија соопшти дека од досега преброените 70% од гласовите партијата на Рид освоила 53% а владејачката коалиција 47% гласови. Руд изјави дека доколку ја освои власта ќе ги повлече австралиските војници од Ирак и ќе го ратификува протоколот за заштита на климата од Кјото.