Фуере го предаде знамето на ЕУ
6 мај 2007Реклама
Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија, Ерван Фуере денеска по повод 6 мај Денот на европското знаме во Република Македонија го предаде знамето на ЕУ на претставници на Европското движење во Македонија. Знамињата на ЕУ и на Република Македонија ќе бидат истакнати на планината Водно.