1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фудбалот тера на трошење?

Андреас Бекер/Ж.А.17 јуни 2016

Европското првенство во Франција е во полн ек, фудбалот царува на телевизиските екрани ширум Европа. Најубавата споредна работа на светот има и влијание врз потрошувачката, велат најновите сознанија.

https://p.dw.com/p/1J4G9
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Woitas

Маѓепсаноста од „Летната бајка“ 2006 година, победата на Светското фудбалско првенство на германската репрезентација во Рио во 2014 година, дали ваквите настани имаат влијание и надвор од рамките на спортот?

Дали луѓето попозитивно гледаат на иднината, трошат повеќе кога сопствениот тим е поуспешен?

На економистите и статистичарите редовно им се поставуваат вакви прашања. Во Друштвото за истражување на потрошувачката, ГфК, најголемиот германски институт за истражување на пазарот, ваквите прашања не ги сметаат за непотребни и чудни.

„Се вели, економијата е 50 проценти психологија“, вели Ролф Биркл, кој редовно месечно го мери расположението кај потрошувачите. „Расположенијата имаат важно влијание врз одност на потрошувачите.“

Логично би било да се претпоставува позитивен однос и од крупните фудбалски настани, вели Биркл. Но, тој не наоѓа потврда во податоците од последните 15 години.

„Никаква поврзаност“

„Доброто расположение предизвикано од добар пласман на националната репрезентација, не се пренесува директно врз расположеието на потрошувачите“, вели Биркл.

Така на пример, потрошувачката на Германците во јуни 2008 година, кога германската фудбалска репрезентација стаса во финалето, паднала за 40 индексни поени во однос на април 2008 година. А по победата на Светското првенство во Бразил конјуктурата забележа полош развој споредено со април 2014 година.

„Потрошувачите прават разлика меѓу стопанско расположение и еуфорија предизвикана од спортски успеси“, истакнува Биркл.

ILLUSTRATION EU Bürger Fernsehen
Фотографија: picture-alliance/dpa

Но, можеби граѓаните трошат сепак повеќе пари за време на турнир? На ова прашање се обиде да одговори колегата на Биркл, Волфганг Адварт и „пронајде“ своја сопствена фудбалска потрошувачка кошница. „Во неа се производи од секојдневието, но и типични за фудбалски настани - крекери, ’грицки’, колбавчиња, скара и пијалоци, меѓу нив и пиво“.

Не постои вонредна конјуктура

Економистите ја испитувале дополнително и продажбата на телевизиски апарати. За нив во време на крупни спортски фудбалски настани може да се претпоставува „специјална конјуктура“, зашто фановите радо ги гледаат натпреварите на поголем и поквалитетен екран.

Навистина, три недели пред едно светско или европско првенство се трошат значително поголем број телевизори. Прометот пред СП во Јужна Африка 2010 година пораснал за речиси 50 проценти, а зголемена потрошувачка имало и за време на турнирот.

Сепак, научниците не можат да откријат „специјална конјуктура“. Се преместува само моментот на купувањето, но не се купуваат повеќе телевизори. „Гледано преку целата година, влијанието е релативно мало“, се вели во студија на ГфК, направена по налог на една фирма.