„Џокер“ протестира во Франција
6 декември 2019Реклама
Секој кој го погледал кино блокбастерот „Џокер“,добро ги знае сликите на насилството и застрашувачкaта психичка состојба на главниот лик. Дали е добра идеја тоа што демонстрантот на оваа #ФотографијаНаДенот направена на протестот во францускиот град Марсеј многу личи на филмскиот карактер? Конечно, демонстрантите во Франција имаат сериозни барања и грижи (во прв ред најавената пензиска реформа од страна на претседателот Емануел Макрон) - и чистото насилство не треба да се вбројува меѓу тоа. Како и да е, со овој кловн, не може да се смеете.