1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиШпанија

Шпански градови обвиени во чад

СН/дв
21 јуни 2022

Во девет региони на Шпанија и натаму беснеат десетици шумски пожари. Армијата и земјоделците мораа да им помогнат на пожарникарите, кои често се борат на неколку фронтови истовремено. Најкритично е на северот од земјата.

https://p.dw.com/p/4Cyah
BdTD Spanien | Waldbrand in San Martin de Unx
Фотографија: Miguel Oses/AP Photo/picture alliance

Погледот на градот Сан Мартин де Ункс во северна Шпанија изгледа како уметничка слика, со облаци од чад што ја обвиваат силуетата на градот. Според властите, ситуацијата во регионот Навара и натаму е „многу критична“ со пет активни пожари, а жителите на неколку градови се евакуирани на безбедно. Ситуацијата, меѓутоа, полека се подобрува со оглед дека топлотниот бран од изминатите денови заврши и температурите во многу места падна под 30 степени