1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Украинска поштенска марка стана вистински хит

СН/агенции
16 април 2022

По потонувањето на прочуениот руски воен крстосувач „Москва“ во Црното Море, една украинска воена поштенска марка се најде на мета на колекционерите.

https://p.dw.com/p/4A1Fe
Briefmarke I Russian Warship postage stamp in Odessa
Фотографија: Nina Lyashonok/Ukrinform/abaca/picture alliance

Кога деновиве ќе ги прашате луѓето во Украина како се чувствуваат често ќе добиете одговор во стилот на цитатот од радио пораката на украинскиот војник за руската морнарица: „Руски воен броду - е.. се!“. Сега веќе легендарната порака на украинскиот војник се однесува на гордоста на Црноморската флота, рускиот ракетен крстосувач „Москва“.

Оваа сцена сега е овековечена и на украинската поштенска марка која, по потонувањето на „Москва“ кое се случи во четвртокот, се најде како цел на колекционерите. Поради тоа стотици Украинци веќе во петокот со часови чекаа во редици пред зградата на централната пошта во Киев да дојдат до примерок од оваа марка.

Ukraine KIew I Russian Warship Briefmarke
Фотографија: Valentyn Ogirenko/REUTERS

Меѓутоа, сцената прикажана на марката се случи во првите денови од војната уште во февруари, кога руската морнарица со помош на „Москва“ го нападна малиот Змиски остров во Црното море. Пркосната радио порака која ја испрати Роман Хрибов, маринец кој бил таму стациониран, го обиколи светот и стана симбол на украинскиот отпор.

Живот под земја во Украина

На почетокот на март Украинската пошта распиша конкурс за натпревар со цел да се зачува сеќавањето на овој настан. По над 500 предлози, избрана е илустрацијата на уметникот Борис Грох. На неа се гледа како украински војник од песочен брег на познатиот руски брод му го покажува средниот прст.

„Кога ја дизајниравме марката, не знаевме како ќе се заврши оваа епизода, но сега сме многу среќни поради тоа“, вели за АФП Ихор Смелијански, генерален дирекор на Украинската пошта.

Уште во петокот сите поштенски марки беа распродадени во Киев.