Тмурно над Сиднеј
21 јануари 2020Реклама
Силно невреме проследено со огромен град зафати делови од источниот брег на Австралија во последниве два дена. Оваа #ФотографијаНаДенот е направена во метрополата Сиднеј непосредно пред налетот на силното невреме кое се случи непосредно по „апокалиптичните“ песочни бури кои ги зафатија областите погодени од суша.
Екстремните временски услови само дополнително ја влошија ситуацијата во земјата која со месеци страда од катастрофалните шумски пожари.