1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв од вулканска ерупција

СН/агенции
31 март 2022

Илјадници мали земјотреси се регистрирани на вулкански остров на Азорскиот архипелаг. Овој таканаречен рој земјотреси може да биде показател за претстојната вулканска ерупција. Алармот на португалските острови е вклучен.

https://p.dw.com/p/49GFp
BdTD Portugal | Kleine Erdbeben auf den Azoren
Фотографија: Pedro Nunes/REUTERS

Со повеќе од 13.000 земјотреси за една недела, расте загриженоста за вулканска ерупција на португалскиот остров Сао Жорге. Досега, околу 2.000 од 8.400 жители ги напуштиле своите домови поради страв. Според пишувањата на медиумите, најголемиот град на островот, Велас, се претворил во град на духови. Последната вулканска ерупција на некој од Азорските острови била регистрирана во 1808 година.