Здравје
Стерилизација на кинески начин
27 февруари 2020Реклама
Епидемијата на коронавирусот во Кина, според шефот на експертската владина комисија, Жонг Наншан, ќе трае уште долго. „Се надеваме дека до крајот на април ќе го ставиме под контрола ширењето на вирусот“, изјави професорот денеска. Тој изнесе изненадувачка теза во врска со избувнувањето на белодробната болест во останатите земји - за првите инфекции навистина беше јавено од Кина, но изворот на Сарс-КоВ-2 не мора да бил во Кина. Експертот не наведе докази за своето тврдење.