Фотографија на денот: Силен земјотрес во Перу
29 ноември 2021Епицентарот на земјотресот бил во ретко населен регион, на околу сто километри источно од градот Санта Марија де Ниева. Со оглед на што се случил на голема длабочина од 131 километар, потресот бил почувствуван во големи делови од земјата, посебно во северниот и централниот дел, како и на брегот и во главниот град Лима, кој претходно беше погоден од земјотрес со јачина од 5,2 степени.
Во Санта Марија де Ниева, во близина на границата со Еквадор, каде живеат главно припадници на индигените малцинства, се урнати повеќе објекти, а снема и струја. Во регионот погоден од потресот веднаш замина претседателот на Перу, Педро Кастиљо (на фотографијата лево), кој на граѓаните им порача дека не се сами и вети помош.
Во Перу има често земјотреси. Земјата се наоѓа на т.н. Пацифички огнен прстен, регион со чести тектонски поместувања.