Техника
Фотографија на денот: Роботот автостопер
22 август 2018Реклама
Таканаречениот хичбот е неподвижен и може само да испружи една рака и прстите. Тој како вистински автостопер ве моли да го качите во возилото. Научниците го испратија роботот автостопер на патување низ САД, Канада, Германија и Холандија. Само на американскиот континент тој помина 6000 километри. Првиот хичбот во светот, кој патуваше четири години, е дел од социјален експеримент. Научниците сакаат да истражат како луѓето се однесуваат и комуницираат со роботите.