Референдум за промена на името и членство во ЕУ и НАТО
30 септември 2018Реклама
Гласачите денеска можат да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.
Право на глас имаат 1.806. 336 гласачи запишани во Избирачкиот список, а се гласа на 3.748 избирачки места кои се отворени од 7 до 19 часот.