Фотографија на денот: Пчеличката Маја на поле во Баварија
10 јули 2019Реклама
Земјоделците Корине и Ули Ернст во Утинг, заедно со дваесетчлен тим успеаја да направат лавиринт со ликовите на инсектите од омилениот цртан филм. За таа цел на крајот на април посеаја мешавина од сончоглед, пченка, канабис, див слез, тикви, грав, дива винова лоза и хмељ. Подоцна мотивот беше прецизно корегиран со помош на ГПС-техника од страна на студенти на Високата школа во Минхен. Лавиринтот ќе биде отворен за посетители од 16 јули до крајот на септември.