1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Протест против Евросонг

ЕМФ
15 мај 2019

Додека во Тел Авив учесниците на Евросонгот се борат за влез во финалето, во Појасот Газа се протестира против евровизискиот музички натпревар.

https://p.dw.com/p/3IVfY
Eurovision Song Contest 2019 | Protest in Gaza, Band Dawaween
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Hams

Во Појасот Газа се одржа концерт во урнатините на зградата која беше уништена во најновата ескалација на конфликтот помеѓу Израел и милитантните Палестинци. На концертот учествуваа повеќе групи од Газа. Камел Мусалам од бендот Јусур пред околу 150 учесници рече дека на тој начин се протестира поради тоа што Евросонгот се одржува во Израел. На #ФотографијаНаДенот две палестински момчиња го следат настапот на групата Дававен на протестниот концерт.