Фотографија на денот: Преселба на југ
5 октомври 2018Реклама
Жеравите во Германија годинава почнаа да се собираат особено рано за преселба на југ. Тоа се должи на топлото и долго лето, поради кое се почна порано со жетва, а со тоа се создадоа и услови за жеравите порано од вообичаено добро да се нахранат. Неделава на северот на земјата се очекуваат околу 70.000 жерави. Тие ќе ги наполнат своите енергетски резерви и ќе продолжат кон топлите краишта.