Пред ерупција
9 април 2021Поради заканувачка вулканска ерупција наредена е евакуација на дел од карипскиот остров Сент Винсент.
Сите жители на погодената област - таканаречената црвена зона околу вулканот Ла Софриер на северот на островот - се повикани веднаш да ја напуштат заради нивна безбедност, изјави премиерот на островската држава Сент Винсент и Гренадин, Ралф Гонсалвес.
Регистрирани се подземни потреси кај вулканот, кои укажуваат на тоа дека магмата се движи кон површината на земјата, соопштицентарот за истражување на земјотреси во Тринидад.
Повеќе:
-Фотографија на денот: Вулкански хот дог на Исланд
-Фотографија на денот: 40 илјади земјотреси и ерупција
-Фотографија на денот: Огнениот спектакл продолжува
Освен тоа има исфрлање на пепел и пареа од кратерот на вулканот. Експлозивна ерупција веројатно претстои и може да се случи во секое време.
На актуелните фготографии може да се види блескава купола од лава на кратерот на вулканот. Околу 1.500 луѓе загинаа во последната катастрофална ерупција во Ла Софриер во 1902 година.