Фотографија на денот: први зимски радости
16 ноември 2017Реклама
Зимата полека ама сигурно се навестува во Германија. Деновиве со прва снежна покривка осамнаа и други повисоки региони во Германија. На Алпите на југот на земјата снег има веќе некое време но деновиве да речеме падна и првиот снег и во местото Ербескопф во покраината Рајнланд-Пфалц кое се наоѓа на 816 метри надморска височина. И се разбира со себе ги донесе првите зимски радости за многу деца- правење снешковци, санкање. На оваа #ФотографијаНаДенот Кристин Либолд и нејзината ќерка Луциа прават снешко од првиот снег.