1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Фотографија на денот: Почна саемот за туризам

6 март 2019

Со претпазливи надежи за силна сезона на одмори во Берлин е отворен саемот за туризам - Меѓународна туристичка берза (ИТБ).

https://p.dw.com/p/3EVxt
BG 10 Gründe für Malaysia | Teeplantagen der Cameron Highlands
Фотографија: Malaysia Tourism Promotion Board

На саемот се присутни околу 10.000 излагачи од 181 земји и региони. Земја партнер на 53. ИТБ е Малезија.

На #ФотографијаНаДенот Камероновите брда во малезискиот султанат Паханг. Регионот го има добиено името по британскиот картограф Вилијам Камерон, кој го има откриено ова подрачје при експедиција во 1885 година. Брдата, познати по чајот, се преплавени од туристи од цел свет.