Фотографија на денот: Почеток на карневалот
11 ноември 2017Реклама
Десетици илјади карневалисти во Келн, Диселдорф и Мајнц ја почнуваат овогодишната карневалска сезона, која завршува на 14 февруари, со т.н. Среда пепелница. Во старото градско јадро на Келн денеска се очекуваат повеќе десетици илјади луѓе, кои ќе пеат, пијат и извикуваат „Алаф“, а карневалскиот поздрав во Диселдорф, каде во центарот исто така се очекуваат илјадници карневалисти, е „Хелау“. Уличниот карневал ќе биде отворен на 8 февруари, а во меѓувреме карневалистите одржуваат традиционални собири.