1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Половина милион

СН/агенции
23 февруари 2021

Пандемијата на коронавирусот донесе незамисливо страдање во САД. Повеќе од половина милион Американци починаа од последиците на Ковид-19. Највисокиот државен врв пред Белата куќа им оддаде почит на жртвите.

https://p.dw.com/p/3pjP9
USA I Biden Rede über Corona-Tote
Фотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance

Знамето над Белата куќа се вееше на половина копје на студениот зимски воздух, а стотици свеќи на јужната страна од зградата гореа во знак на сеќавање на безбројните смртни случаи од коронавирусот во САД.

Претседателот Џо Бајден, првата дама Џил Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даглас Емхоф им оддадоа почит на жртвите- со наведнати глави, едноминутно молчење , рацет споени во молитва.  „Денеска обележуваме навистина мрачна и потресна пресвртница“, рече Бајден во говорот пред комеморацијата.

Според податоците на Универзитетот во  Џонс Хопкинс, САД го поминаа тажниот праг на повеќе од половина милион смртни случаи од Ковид-19.  Тоа се повеќе американски жртви отколку во најкрвавите војни. „Повеќе Американци починаа за една година на пандемијата отколку во Првата, Втората светска војна и во Виетнамската војна заедно “, рече Бајден, додавајќи дека САД бележат повеќе смртни случаи отколку која било друга земја во светот.