Уметност
Фотографија на денот: Пигкасо, свињата уметник
23 февруари 2019Реклама
Токму ова се случи во Френшхук, на периферијата на Кејптаун во Јужноафриканската Република. Сликите од уметничката ѕвезда со име Пигкасо (комбинација од англискиот збор за свиња - пиг и Пикасо) се продаваат скапо - до 2500 швајцарски франци. Пигкасо има и своја Фејсбук-страница со над 15.000 фанови. Инаку, свињата уметник слика со неотровни бои, кои се соодветни и за деца. Во кинеската година на свињата, швајцарскиот производител на часовници Своч сега ѝ нарача на Пигкасо дизајн за својата „Уметничка колекција“.