Фотографија на денот: Паркот на часовниците
28 октомври 2017Реклама
24-те часовници во паркот во Диселдорф работат синхронизирано, па сепак - никогаш не можат да се опфатат со поглед сите во исто време. Додека погледот врти од едниот часовник кон другиот, веќе поминало извесно време. Ринке, роден во Ватеншајд, собира часовници. „Треперливата игла на стрелката која покажува секунди е како Господов прст кој ни покажува: овде, сега“, вели уметникот.