Фотографија на денот: Нова Година во Берлин
1 јануари 2019Реклама
Стотици илјади луѓе со огромен огномет пред Бранденбуршката капија ѝ посакаа добредојде на 2019-та. Поради огромниот број луѓе, полицијата мораше да ги затвори приодите кон просторот на централната прослава уште во 22:30 часот. Сепак, и покрај огромниот број луѓе, сѐ мина мирно. Носење пиротехнички материјали не беше дозволено, а на просторот каде што се одвиваше забавата беше забрането и носење алкохол.