1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Најсончев март

СН/дв
1 април 2022

Ова можеби звучи како првоаприлска шега, со оглед на облачното и снежно време денеска во Германија. Но, навистина, никогаш досега немало толку сончев март во земјата како годинава.

https://p.dw.com/p/49JcJ
BdTD Deutschland | Frühling in Hamburg
Фотографија: Markus Tischler/IMAGO

Оваа година Германија го доживеа најсончевиот март од почетокот на бележењето на временските услови  во 1951 година. Првиот месец од пролетта беше исклучително сув, благ и сончев. Не е ни чудо што црешите годинава процутеа многу порано од вообичаено - како на оваа фотографија направена во Хамбург. Но од вчера сликата е сосема поинаква со оглед на поларниот бран кој ја зафати земјата и со себе донесе многу облаци и снег.