Најраното цутење на црешите во Јапонија по 1200 години
2 април 2021Реклама
Се претпоставува дека причина за раното цутење на црешите е промената на климата. Цутењето на црешите во Јапонија има големо културолошко значење и е детално документирано 1200 години наназад. Сакура, така ги нарекуваат Јапонците познатите црешови цветови. Времето кога островската држава станува розева, се смета за зенит на пролетта и симболизира женска убавина и нов почеток, а се слави низ целата земја.