Архитектура
Најдолгиот мост во светот
23 октомври 2018Реклама
Изградбата на престижниот архитектонски проект, кој во употреба го предаде кинескиот државен и партиски претседател Си Џингпинг, траеше речиси десет години и чинеше околу 15 милијарди евра.
„Супермостот“ е поврзница меѓу азиската финансиска и економска метропола Хонгконг и Макао со кинеската провинција во економски подем, Гуангдонг. Но, мостот е мета и на критики, изградбата траеше предолго, првичните трошоци беа повеќекратко пробиени, проследено со обвиненија за нетранспаретност и корупција, несреќи со жртви на градилиштето. Седумте милиони жители на Хонгконг посебно стравуваат од навала на кинески туристи.