Патување
Фотографија на денот: Најдолгиот висечки мост
9 август 2017Реклама
Долг е речиси 500 метри, а по него се оди на височина од 85 метри. Според туристичките работници од Цермат, ова е најдолгиот висечки мост во светот. Во бездната под мостот се гледа преку решетките по кои се гази. Мостот, како што се тврди, има особено добар систем на амортизирање, па речиси и не се ниша. Носечките сајли се тешки осум тони.