1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Фотографија на денот: Музика за мир

17 март 2022

Давиде Мартело, музичар кој живее во Германија, а потекнува од Италија, свири на пијано на полско-украинската граница.

https://p.dw.com/p/48bXT
BdTD | Polen Przemysl | Davide Martello spielt an der Grenze zur Ukraine für Geflüchtete Klavier
Фотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

Давиде Мартело, познат и како „Piano Man“ на полско-украинскиот граничен премин Корчова свири на пијано за бегалците. На овој граничен премин доаѓаат многу луѓе кои бегаат од војната во Украина. Пристигнуваат со воз, а потоа се префрлаат во автобуси и го продолжуваат патувањето.

Со својот ангажман музичарот Мартело сака да испрати порака за мир. Тој има свирено и на демонстрациите на плоштадот Таксим во Турција, по руската анексија на Крим, како и по терористичките напади во Париз.