1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кога возовите стојат – штрајк на германските машиновозачи

ЖА
24 август 2021

Во тек е вториот дводневен штрајк на германските машиновозачи, иако многумина критикуваат – штрајковите се последно нешто што ѝ треба на железницата по година полна загуби поради пандемијата на коронавирус.

https://p.dw.com/p/3zPER
Deutschland Köln | Lokführergewerkschaft GDL weitet Streiks auf Personenverkehr aus
Фотографија: Roberto Pfeil/dpa/picture alliance

Келнската железничка станица, веднаш покрај познатата катедрала: оваа жена ќе има време да го разгледа градот. Зашто, во Германија од ноќта во понеделникот почна штрајк на машиновозачите, кој трае до денес. Вози само секој четврт брз воз. Машиновозачите преку еден од нивните синдикати бараат зголемување на платите за 1,4 проценти за оваа и уште 1,8 проценти за идната година, како и еднократна премија од 600 евра. Германските железници досега ја одбиваат посебно таа премија. Некои од граѓаните имаат разбирање за барањата на машиновозачите, но не и многумина летувалци кои се враќаат дома, а посебно огорчени има меѓу луѓето кои секојдневно патуваат до своето работно место во друг град.