Култура
Карневал по Велигден
18 април 2022Реклама
Веројатно најпознатиот карневал во светот најнапред поради пандемијата мораше да биде откажан во 2021 година. Годинава пак во јануари, поради зголемениот број на ковид случаи предизвикани од сојот Омикрон, уличниот карневал во Рио де Женеиро повторно беше откажан. Сепак, плановите за легендарните поворки во Самбодром опстојуваа. Таму, имено полесно се спроведуваат контроли за заштита од инфекција. Сега прочуенатра парада на школите за самба ќе се одржи на празникот Тирадентес на 21 април. Подготовките на школите за самба се во полн ек а жителите на градот се пресреќни дека повторно ќе можат да бидат дел од „најголемата забава во светот“.