1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Историја

Извлекување на 4000 години стар чун од Боденско Езеро

ЖА / агенции
1 април 2021

Праисторискиот чун изграден од едно стебло околу 2300 години пред Христос, е вистинска сензација. Експертите почнаа да го вадат потонатиот кајак, акцијата ќе трае со недели

https://p.dw.com/p/3rStk
Deutschland | Bergung eines acht Meter langen Einbaums aus dem Bodensee
Фотографија: Florian Huber/submaris/LAD

Осум метри долгото пловно средство, досега најстаро од Боденско Езеро, во идните недели треба да биде извадено на површина и да започне негова реставрација и конзервација. По пронаоѓањето на овој реликт, научниците се надеваат на нови сознанија за прастарите пловни средства и можеби за животот покрај водите во раното бронзено доба.

Чунот во Зеерхаин кај Констанц бил откриен уште есента 2018 година, тој е направен од липово дрво и нема да може да биде извлечен целосно, туку на делови, со оглед што дрвото е премногу омекнато од водата.

Чуновите издлабени во дрво спаѓаат во најстарите пловни средства кои ги користеле луѓето.

Регионот на Боденско Езеро е познато археолошко наоѓалиште од камено и бронзено доба. Повеќе од 110 локации спаѓаат во Културното наследство на Унеско.

#ДневенДрон: Боденско езеро