1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Фудбал

Жолтиот ѕид повторно се тресе

СН/ агенции
27 август 2018

На „мачното“ чекање на милиони вљубеници во фудбалот во Германија конечно му дојде крај.. Омилената Бундеслига влезе во сезоната 2018/2019

https://p.dw.com/p/33oow
Fußball 1. Bundesliga | Borussia Dortmund v RB Leipzig (3:1)
Фотографија: Reuters/W. Rattay

По првото коло на чело на табелата е Борусија Дортмунд која извојува убедлива победа против силниот Лајпциг со 4:1. Со тоа ја наметна и кандидатурата за прв конкурент на „вечниот“ шампион Бајерн Минхен, кој сезоната ја отвори со победа над Хофенхајм со 3:1. На оваа #ФотографијаНаДенот се гледа „срцето“ на стадионот Сигнал Идуна - неговата јужна трибина со најверните навивачи на Борусија. Легендарниот „жолт ѕид“ вчера повторно се „тресеше“ од радост поради успехот на милениците.