1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ден на одлука во САД - Трамп или Бајден

ЖА
3 ноември 2020

Дали Доналд Трамп ќе остане во Белата куќа или таму ќе се всели Џо Бајден? Тоа ќе го одлучат американските граѓани кои денеска го избираат својот иден претседател, во услови кога низ земјата се шири коронавирусот.

https://p.dw.com/p/3kn22
USA Präsidentschaftswahlen | Ohio
Фотографија: Ty Wright/Getty Images

Во анкетите води демократскиот кандидат Бајден, а исходот многу ќе зависи од гласањето во десетина од 50 сојузни држави во САД, во кои резултатот е неизвесен.

Користејќи го правото поради пандемијата на коронавирус, рекорден број Американци – 98 милиони, гласаа однапред. Можно е поради времето потребно за пребројување на гласовите, победникот да не биде познат веднаш ноќеска по изборите. За САД, но и светот, следат часови полни исчекување и неизвесност.