1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Да се слави или не?

СН/агенции
5 февруари 2021

Кинеската нова година се смета за најважен традиционален кинески празник и исто така се слави во многу други земји во Азија. И покрај малиот број нови инфекции од коронавирусот, големо славје нема да има.

https://p.dw.com/p/3ouXc
BdTD Indonesien Vorbereitung auf das Chinesische Neujahrsfest
Фотографија: Ajeng Dinar Ulfiana/REUTERS

Финални подготовки за големата прослава. Во Кина, Годината на металниот стаорец завршува на 11 февруари, а годината на металниот вол започнува на 12 февруари. Но, традиционалните семејни посети (до 3 милијарди патувања околу празникот само во Кина) треба да се избегнуваат доколку е можно. Коронавирусот сè уште го држи регионот цврсто под контрола.