1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Во потрага по причините за трагедијата кај Боснек

СН/агенции
23 ноември 2021

Бугарското јавно обвинителство започна истрага на местото на страотната сообраќајна незгода со која треба да се утврдат причините за запалувањето на македонскиот автобус. Бугарските власти се сомневаат во две причини.

https://p.dw.com/p/43MEH
Bulgarien | Busunfall
Фотографија: BGNES

Грешка на возачот или ненадеен технички дефект на автобусот се можни причини за несреќата во Бугарија, во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската Национална истражна служба, Борислав Сарафов.

Серафов соопшти дека во запалениот автобус имало 53 патника, од кои 12 деца. 

Бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков, кој беше на местото на несреќата со премиерот Стефан Јанев, рече дека причината ќе биде детално разјаснета за време на истрагата, која веќе е во тек. Тој нагласи дека покрај запалениот автобус имало уште три автобуса, а автобусот кој се запали се движел последен.

Автобусот ја уништил заштитната ограда на автопатот, а можно е до пожарот да дошло поради контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.

Несреќата се случи во два часот на автопатот кај селото Боснек, околу 40 километри јужно од Софија. Автобусот се враќал од Истанбул за Скопје.