1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Автомобили и мобилност

Бесмртниот Трабант

СН/агенции
30 април 2021

Пред точно 30 години беше произведен последниот Трабант. Некогаш презрен како „мал и бучен смрдливко“, народниот автомобил на некогашната Германска Демократска Република сега е омилен кај колекционерите на олдтајмери.

https://p.dw.com/p/3smFv
Trabant auf der Landstraße
Фотографија: Jan Woitas/dpa-Zentralbild/dpa/picture alliance

Трабантите беа произведувани во малиот град Цвикау во германската покраина Саксонија, која тогаш беше дел од комунистичка Источна Германија.

Првиот, подбивно наречен „саксонски Порше“ беше произведен на 7 ноември 1957 година, а последниот на на 30 април 1991 година - и тоа во розова боја.

Од фабриката во Цвикау излегоа повеќе од три милиони примероци од автомобилот со двотактен мотор. 

Gedenkstätte Deutsche Teilung Marienborn Trabantclub
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Gercke

Повеќе:

-Фотографија на денот: Летечки трабант

-Фотографија на денот: „Траби“ за полицијата

-Осталгија - романтични сеќавања на ГДР?

На Трабантот често му се предвидуваше изумирање, но, тој едноставнио „одбива“ да замине во историјата. 30 години по крајот на неговото производство, Трабантот сега официјално има статус на олдтајмер ​​во Германија. 

Малиот автомобил до ден денес има верна база на љубители, па дури и повеќе од тоа: Во изминатите десет години во Германија се регистрирани дури 3000 реновирани Трабанти. 

А бројот на регистрации, но и неговата вредност растат. Трабант во врвна состојба деновиве може да чини околу 10.000 евра.