1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Техника

Фотографија на денот: Амазон почнува достава со дронови

ЕМФ
6 јуни 2019

Американскиот гигант за онлајн-трговија, Амазон, за неколку месеци почнува со доставување пакети на домашна адреса со дронови.

https://p.dw.com/p/3Jvf5
Amazon Lieferungen per Drohne
Фотографија: picture.alliance/dpa/AP/Amazon/Jordan Stead

Дроновите може на релации до 25 километри да носат пакети со тежина под 2,3 килограми. За тоа ќе им бидат потребни помалку од 30 минути. Дроновите ќе тргнуваат и слетуваат вертикално, како хеликоптерите. Според најавата на менаџерот Џеф Вилке, дроновите може да летаат стабилно и во услови на силен ветер. Вилке не навести каде сѐ ќе има ваков сервис на Амазон. Којзнае, можеби и пред вашата врата наскоро ќе слета дрон како на нашата #ФотографијаНаДенот.