Фишер во Тајланд
8 јануари 2005Кофи Анан и претседателот на Светската банка, Џејмс Волфенсон, кои ветија брза помош за обнова. Таму е и германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер. Тој, во Банкок, разговараше со тајландскиот премиер Таксин Шинаватра и неговиот колега по функција, Суракиарт Сатиратаи.
Со премиерот на Тајланд и министерот за надворешни работи, Јошка Фишер разговараше околу начините за најефикасна помош на настраданите. Во кусата изјава по средбата, министерот Суракиарт Сатиратаи, им се заблагодари на Германците за помошта и изрази сочувство поради Германците кои загинаа во поплавите или кои сеуште се водат како исчезнати.
И Фишер на тајландските политичари им изрази длабоко сочувство поради големиот број загинати и рече дека е благодарен за се што Тајланѓаните кои исто така многу страдаа, направија за германските туристи. Фишер понуди помош во обновата, конкретно во изградбата на систем за предупредување од цунами и обнова на крајбрежјето. Утре Фишер патува во регионот Пукет, а во понеделник има средба со индонезискиот претседател, Сусило Бамбанг Јудхојоно.