Финале во четвртфиналето на германскиот фудбалски куп
27 февруари 2013Двајца полуфиналисти се веќе познати: Фрајбург и Волфсбург. Последниот третолигаш во купот Кикерс Офенбах (фото горе: сцена од натпреварот) не успеа да се спротивстави доволно на рутинираниот Волфсбург и на домашен терен загуби со 0:2. Офенбах во досегашниот тек на купот успеа да победи три тима од повисоките лиги, но Волфсбург беше посилен противник од Диселдорф, Гројтер Фирт и Унион Берлин претходно. Играта меѓу прволигашот и третолигашот беше решена во второто полувреме. Ивица Олиќ во 49. минута и Бас Дост во 71. минута му ја донесоа победата на Волфсбург.
Во Мајнц пак, Фрајбург напиша историја, односно успеа и покрај тоа што губеше со 0:2, по продолженијата да се пласира натаму. Двата гола Фрајбург ги прими во првите четири минути од натпреварот, но тимот успеа да се соземе. Во последните пет минути од мечот постигнато е изедначување со головите на Сантини и Калигури. Во продолженијата, Калигури со својот втор гол на натпреварот успеа да му донесе победа на својот тим.