1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Филе: Ситуацијата во Украина не се одразува негативно врз проширувањето на ЕУ

СН/жа/миа3 мај 2014

Комесарот на Европската унија за проширување Штефан Филе во изјава за Радио Слободна Европа нагласи дека актуелната ситуација во Украина нема да влијае врз проширувањето на Унијата.

https://p.dw.com/p/1BtBT
Фотографија: DW/W. Izotov

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека не гледа никакви негативни последици од моменталната ситуација во Украина, во однос на балканските земји, кога станува збор за проширувањето на ЕУ.

Филе истакна дека од земјите кандидати за членство во ЕУ се очекува да се однесуваат во согласност со правилата на ЕУ од првиот ден на нивното членство.

„ Во однос на проширувањето на ЕУ, не гледам никакви негативни последици“ , истакна Филе за Радио Слободна Европа. Еврокомесарот нагласи дека политиката на Источнот партнерство не ги принудува европските партнери да бираат меѓу Москва и Брисел.