Филе во Белград на разговори за евроинтеграцијата на Србија
18 март 2013Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, денеска во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ и министерот за одбрана Александар Вучиќ. По одвоените средби ќе се оддржи состанок на делегациите на Србија и ЕУ.
Посетата на Филе на Белград е во рамките на консултациите кои претходат на подготовката на извештајот на Европската комисија за напредокот на Србија, кој треба да биде објавен во април. „Станува збор за редовни консултации пред важните одлуки кои се однесуваат на Србија“, изјави портпаролот на Филе, Петер Стано за српските медиуми.
Се очекува една од темите на разговорите да биде и дијалогот меѓу Белград и Приштина, што е еден од главните усплови Србија да добие датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија.
По разговорите во Белград, Штефан Филе ќе ја посети и Приштина каде што ќе се сретне со косовското политичко раководство.